Top Sport

Гвардиола: Лудост е да размислуваме за титулата

Манчестер сити ја намали разликата во однос на Ливерпул на осум поени со синоќешната победа кај Барнли (1:4). Ливерпул има натпревар помалку од „граѓаните“ и е во пол-позиција прв пат по 1990 година да ја освои титулата во Премиер лигата.

„Титулата е завршена приказна. Колку што ги следам медиумите никој повеќе не ни дава шанси. Готово е“, со доза на срказам изјавил Пеп Гвардиола.

„Искрено, ниту јас не верувам дека можеме да ги стигнеме. Разликата е преголема, лудост е во овој момент да размислуваме за титулата. Меѓутоа не е важно дали јас верувам или не. Важно е да одиме натпревар по натпревар. Нашиот тим е стабилен тоа е она што го сакаме“, заклучил Гаврдиола.

Пред Гвардиола и неговите играчи следува градското дерби со Јунајтед, а потоа гостувањето во Загреб кај Динамо во Лигата на шампионите.

Scroll to Top