Top Sport

Мурињо: Ќе се вратам летово

Жозе Мурињо рекол дека точно знае каде би сакал да ја продолжи кариерата, односно дека летото ќе им се врати на клупските обврски.

Италијанските медиуми шпекулираат дека Португалецот ќе се врати во Интер, каде би го наследил Лучано Спалети.

„Пред три и пол месеци последен пат водев екипа и се подготвувам повторно да го правам тоа. Кога сте во светот на фудбалот, меѓу новинарите, натпреварите, прес конференции, анализите на противниците, воопшто немате време за себе. Поради тоа последните неколку месеци ги искористив за да се одморам. Да се биде тренер е нешто посебно, јас уживам кога работам секојдневно. Сакам да се вратам ова лето“, рекол Мурињо.

Тој не криел дека во изминатиот период одбил неколку понуди.

„Точно знам што не сакам, поради тоа одбив три или четири понуди. Исто така знам што сакам. Не мислам на името на клубот, туку на работата, на стилот на клубот. Знам што сакам и се надевам дека ќе го добијам тоа“.

Мурињо проговорил и за периодот што го минал во Интер и во италијанскиот фудбал.

„Интер ја немаше освоено Лигата на шампиони 50 години. Постоеле генерации на Интернисти кои го сонуваа тоа. Беше тоа навистина силен тим, но и вистинско семејство. Сите го имавме тој сон и сите се боревме да го оствариме“, заклучил Мурињо.

Scroll to Top