Top Sport

Резил на Сакраменто, Расел ги уништи Кингс (Видео)

Бруклин Нетс, во Сакраменто, го направија најголемиот пресврт во историјата на франшизата. Предводени од Дианџело Расел, Нетс во последните 13 минути успеаја да за вратат од негативата од 28 поени. Нетс ги победија Кингс 123:121 со поените на Рондај Холис-Џеферсон.

Сакраменто Кингс полека ги губат шансите за пласман во плејофот, откако изгубија добиен меч. На 13 минути до крајот имаа предност од 28 поени, а во последната четвртина влегоа со 25 поени повеќе од противниците.

Во последниот период Дианџело Расел играше сам против Сакраменто, тој успеа да постигне 27 поени. Мечот, популарниот Ди Ло, го заврши со рекордни во кариерата 44 поени, 12 асистенции и по 4 скока и украдени топки.

Сакраменто го предводеше Марвин Бегли јуниор со 28 поени, поен помалку постигна Диерон Фокс, а Србите Немања Бјелица и Богдан Богдановиќ имаа просечни изданија. Бјелица забележа 14 поени и 10 скока, а Богдановиќ постигна 10 поени.

Фуриозна четвртина имаше и ѕвездата на Голден стејт Вориорс Стеф Кари, во победата на неговиот тим над Минесота Тимбервулвс 117:107.

Кари во третата четвртина постигна 22 од своите 32 поени. Минесота ја предводеше Карл-Ентони Таунс со 26 поени и 21 скок, а Хрватот Дарио Шариќ забележа 13 поени и 6 скока.

Резултати:

Шарлот Хорнетс-Филалдлефија 114:118
Атланта Хокс-Хјустон Рокетс 105:121
Милвоки Бакс0ЛА Лејкерс 115:101
Минесота Тимбервулвс-Голден стејт Вориорс 107:117
Скараменто Кингс-Бруклин Нетс 121:123
ЛА Клиперс-Индијана Пејсерс 115:109

Scroll to Top