Top Sport

Мурињо: Кога би се однесувал како Клоп, веднаш би добил црвен картон

Тотенхем во драматичен меч загуби од Ливерпул (2:1) и на ривалот од „Енфилд“ му го препушти првото место на табелата. „Црвените“ славеа со голот на Фирмино во 90.минута.

„Мислам дека заслуживме повеќе. Дури и нерешен резултат ќе ни оставеше горчлив вкус. Ги имавме, моравме да ги победиме. Не го зборвам ова поради шансите што ги имавме, туку поради периодот на игра во кој не ги реализиравме. Во вакви натпревари, кога ќе промашите такви шанси, ви останува барем еден бод, ние не освоивме ниту еден“, рекол менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињио и дополнил.

„Верувајте ми, ние имаме големи амбиции. Некогаш кога не напаѓаме, тоа не поради тоа што не сакаме да победиме, туку поради тоа што противникот е подобар. Мораме да „убиваме“ кога имаме шанси. Бергвајн имаше две ситуации „1 на 1“, Кејн имаше шанса по корнерот. Знаевме како треба да играме, не знаевме како да ги „убиеме“.

На крајот открил што му рекол на Клоп по завршувањето на натпреварот.

„Му кажав дека подобриот тим беше поразен, тој ми кажа дека не се согласува. Немам проблем со тоа. Кога станува збор за неговиот однос кон судиите, кога јас би се однесувал така, веднаш би ми покажале црвен картон“, заклучил Мурињо.

Scroll to Top