Капитенот на фудбалската репрезентација на Хрватска, Лука Модриќ најверојатно го одигра последниот натпревар на европските првенства, а нема да биде (пре)големо изненадување доколку заврши и со настапите за националниот тим.
„Кога Модриќ ќе си оди, сите љубители на фудбалот ќе се тажни!“ изјави за „TalkSports“ актуелниот тренер на Рома, Португалецот Жозе Мурињо.
Токму „Специјалниот“ инсистираше Модриќ пред 10 години од редовите на Тотенхем да дојде во Реал Мадрид.
„Тешки беа тогаш преговорите со Тотенхем и не сакам на тоа да се потсетувам. На крајот – остана 10 години во Реал Мадрид и среќен сум што баш јас го доведов“ изјави Мурињо.
Тој продолжи во ист стил со комплименти на сметка на хрватскиот играч од средниот ред.
„Лука е апсолутно фантастичен. Некогаш не знаеш дали е левак или деснак, игра како да нема никаков притисок од противникот врз него. Начинот на кој размислува е фантастичен, скромен е и на теренот и надвор од него“ вели постугалскиот стратег.