Жозе Мурињо не сакаше да го пофали својот поранешен пулен Френк Лампард откако Тотенхем загуби со 0:2 од „сините“, велејќи дека победата е резултат на системот од средниот ред кој бил воспоставен од претходниот тренер Антонио Конте.
Вилијан ги постигна двата гола за Челси во првите 45 минути, додека Тотенхем не успеа да се врати откако остана со 10 играчи во второто полувреме по црвениот картон на Хеунг-Мин Сон.
„Тие беа подобри од нас во првото полувреме и не ми е тешко да го признаам тоа. Играа во систем кој го познаваат, кој две години го играа со Антонио Конте. Алонсо, Азпиликуета, Канте, Вилијан, тие кои се удобни во овој систем. Двата гола не се резултат на супериорност. Првиот корнер беше голема грешка, а вториот од пенал, така што не беа голови од супериорност туку од грешки“, вели Мурињо.
Секако, Френк Лампард не се согласи со оваа оценка и посочи дека треба да добие пофалба за „сопирањето“ на опасниот напад на Тотенхем.
„Системот на Конте? Не, тоа не беше фактор. Не знам дали сакам да одам играч-по-играч, но сигурен сум дека половина од нив не беа тука кога беше Конте. Томори, Маунт, Абрахам… Јас не играм по нечиј систем, иако системот на Котне донесе титула за Челси. Ако играме 4-3-3 не го копираме некој друг“, вели Лампард.
„Чиракот“ подобар од „мајсторот“ – Челси со победа кај „кунг-фу“ Тотенхем (видео)