Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, по поразот од Лацио (3:2), лут ја напуштил прес конференцијата. Португалецот, по завршувањето на натпреварот, ги обвини судиите и ВАР за поразот на Рома.
Мурињо, потоа се упатил кон прес салата, кога го известиле дека поради епидемиолошките протоколи, тој може да разговара само со „Скај Спорт“, додека останатите новинари, прес конференцијата ќе ја следат на екраните, во друга просторија.
Мурињо одговорил дека тој протокол важи за тренерот на Лацио, не и за него. Тој инсистирал сите новинари да бидат присутни на прес конференцијата.
„Сакам да разговарам со новинарите, а вие не ми го дозволувате тоа. Морате да ја почитувате нивната работа, имаат право да поставуваат прашања“, рекол Мурињо.
Откако неговото барање било одбиено, Португалецот решил да си замине.
„Жалам, ова е начинот…“, рекол Мурињо, а потоа ја лупнал вратата и заминал.