Top Sport

Мурињо: Манчестер Јунајтед за мене е затворено поглавје

Жозе Мурињо, во среда, ќе се врати на „Олд Трафорд“ како тренер на противнички тим. Мурињо пред една година доби отказ од Манчестер Јунајтед. Португалецот во пресрет на натпреварот зборува за периодот што го минал во Јунајтед.

„Јунајтед е затворено поглавје за мене. Заминав од клубот и ми требаше многу време за да сфатам што се случи. Се подготвив за нов предизвик, Јунајтед е сега во мојата книга по историја. Ви се однесувате како вчера да заминав од Јунајтед, но не е така, мина речиси цела година. Сега сум во Тотенхем, па доколку сакате да разговараме за Јунајтед, тогаш да разговараме за нашиот противник“, рекол Мурињо.

Португалецот не сакал да ја коментира работата на Оле Гунар Солскјер, само рекол дека Јунајтед можат да остварат некоја од зацртаните цели иако за нив сезоната досега е лоша.

„Има работи што можат да ги направат оваа сезона. Можат да ја освојат Лига Европа. Можат да го освојат Лига купот, можат да го освојат ФА купот иако за противници ги имаат Вувлерхемптон. Можат да остварат некоја цел“.

Ерата на Мурињо во Тотенхем започна добро, со победи над Вест Хем, Олимпијакос и Борнмут.

Scroll to Top