Жозе Мурињо вели дека Златан Ибрахимовиќ може да замине од Манчестер јунајтед за трансфер во ЛА Галакси, но додава дека шведскиот феномен не му кажал дека го сака тоа.
Ибрахимовиќ, кој „одморот“ по повредата го искористи за посета на Македонија, е една од „метите“ на Галакси пред американскиот трансфер-период кој почнува на 7 февруари.
„Тој не ми кажал такво нешто. Првпат слушнав такво нешто од медиумите. Златан не ми спомнал дека сака да си замине. Тој е во последната година од договорот, и ако сака, не велам дека е вистина, тогаш може да избере пат во друг клуб и друга земја. Ние не сме тука да му го загорчуваме животот. Но, последно што слушнав од него е дека сака да се опорави и да помонге на клубот“, изјави Мурињо.