Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо сака судиите во Премиер лигата да ги користат екраните покрај теренот при одлучувањето во клучните моменти, по што призна дека бидејќи сега и тој има пристап до тие видеа, понекогаш полудува, како на мечот со Манчестер сити.
Видеото на кое се гледа како Мурињо трча до четвртиот судија по ВАР одлука при 2:0 победата над Сити стана вирална на социјалните мрежи и Португалецот призна дека емоциите го надвладеале.
„Мислам дека фактот што сега е дозволено да има екран пред нас не е добро за емоциите на тренерот. Го гледаме истото како во ВАР собата и судиите понекогаш не гледаат толку добро како нас. Мојата реакција беше поради тоа што го видов, но океј, станав вирален поради погрешни причини“, вели Мурињо.
Тој беше бесен кога Рахим Стерлинг не доби црвен картон за фаулот над Деле Али и уште пофрустриран кога тој избегна втор жолт картон за симулирање.
„Бев многу вознемирен што Стерлинг не го доби црвениот картон, и кога се случи таа ситуациј повторно, прво се смеев, следната минута бев бесен“, открива Мурињо.
???? still watching mourinho's reaction from 0 to 10 in 2 secs, legend. pic.twitter.com/LfNBE9zNHv
— paco1738 (@JmPascol) February 3, 2020