Жозе Мурињо нема намера да ги менува своите тренерски методи и фудбалската филозофија по новиот пораз на Тотенхем, петти во последните шест премиерлигашки мечеви, инсистирајќи дека неговите методи се „најдобри на светот“.
Со поразот од 2:1 од Вест хем, Тотенхем се на девет поени од тимот на Дејвид Мојс на четвртото место и имаат тежок предизвик да се борат за место кое води во Лигата на шампионите. Сепак, Мурињо инсистира дека Тотенхем не се во криза.
„Не воопшто не сме во криза. Нула. Понекогаш резултатите се последица на повеќе работи. Моите методи и тие на моите тренери се најдобри на светот. Не знам што мислите под криза. Ако криза е фрустрација и тага во соблекувалната, би кажал да, бидејќи никој не е задоволен од резултатите. Кога тим како нашиот се бори до последната секунда, не може да е во криза. Само во лоша серија резултати. Тоа е очигледно. Место во Лигата на шампиони уште е математички можно, што значи реално. Тешко, но математички остварливо“, објаснува Мурињо.