Top Sport

Мурињо: Мразам кога ме викаат Хозе, се викам Жозе

Како дел од новиот документарец „Сè или ништо – Тотенхем хотспур“, Жозе Мурињо, конечно, ги „нападна“ сите англиски новинари, кои подолго време го кажувале неговото име погрешно.

Спортскиот документарец на „Амазон“ ќе се фокусира на клубот од северен Лондон и нивната бурна сезона 2019/20, Мурињо го прашува младиот дефанзивец Џафет Танганга како точно се изговара своето име, по што му објаснува дека му пречи што го нарекуваат Хозе.

„Мразам да ги кажувам погрешно имињата. Сите го кажуваат моето име погрешно. Сите ме викаат Хозе. Јас не сум Хозе, јас сум Жозе“, вели Мурињо.

Scroll to Top