Жозе Мурињо открива дека му честитал на Пеп Гвардиола за освојувањето на титулата од Премиер лигата откако неговите Манчестер јунајтед ги совладаа Манчестер сити и со тоа спречија „граѓаните“ да станат шампиони барем уште една недела.
Пред мечот, на петочната прес-конференција, Гвардиола сакаше да зборува за тоа како во јануари агентот Мино Рајола му го понудил Пол Погба во јануари, а во саботата, Мурињо одговори дека еден од нив (Гвардиола или Рајола) лажат.
Сепак, кога мечот заврши и „ѓаволите“ славеа, шефот на Јунајтед реши да не се фокусира на Погба, кој постигна два гола за победата.
„Му честитав за титулата. Знам дека беа исфрустрирани и дека сакаа денеска да ја освојат титулата, бидејќи ја заслужуваат. Имаат толку многу повеќе поени од другите и не им дадоа шанса за игра. Што сега? Ќе работиме да ги стигнеме следната година. Не сме тимот за кој сите зборуваат, не сме толку лоши, јас не сум толку лош менаџер, а моите играчи дефинитивно не се лоши“, изјави Мурињо.
Фото: ЕПА