Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо стравува дека Хери Кејн и напаѓачите на неговиот тим веќе не можат да толерираат да мораат да ги „вадат“ дефанзивците на тимот по низата грешки.
Во првите 10 меча на Мурињо на клупата на клубот од северен Лондон, тие примија дури 17 голови и во пет од последните седум меча, противничкиот тим пет пати бил во водство.
„Примаме премногу голови и тоа е фрустрирачки. Да бев еден од моите напаѓачи ќе бев многу лут што зад мене не можеме да ги сопреме противниците. На гости победивме двапати, еднаш загубивме и еднаш одигравме реми. Дали тоа е подобро од претходно? Секако. Дали е совршено? Не, не сум задоволен“, вели Мурињо.
Шестопласираните Тотенхем утре гостуваат кај Саутемптон и потребна им е победа да се вратат во трката за топ 4 пласман, бидејќи веќе се пет поени зад Челси.