Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ќе мора да се соочи со обвинувањата за избегнување на плаќање данок во петок во Шпанија, пред гостувањето на „Стемфорд Бриџ“ кај Челси во Премиер лигата.
Шпанските власти отворија случај против 54-годишниот Португалец во јуни за наводно избегнување на данок додека беше тренер на Реал Мадрид. Тие тврдат дека тој должи на шпанската држава најмалку 3 милиони евра за користење на правата на неговиот лик од 2011 и 2012, нешто што Мурињо го отфрла.
Јунајтед уште не потврдиле дали Мурињо ќе биде присутен во судот во Мадрид на 3 ноември, но клубот објави дека утре тој ќе има прес-конференција.
Обвинувањата против Мурињо се дел од големата акција на шпанските даночници против повеќе фудбалери и тренери. Претходно слични обвинувања имаше за Кристијано Роналдо, Лионел Меси, Нејмар и други фудбалери на Реал Мадрид и Барселона.