Top Sport

Мурињо на засилувања потрошил повеќе од една милијарда

Жозе Мурињо е трофеен тренер, шампион на Европа со Порто и Интер, освојувач на национани трофеи во Португалија, Англија и Италија, но и човек кој што потрошил неверојатна сума на пари низ кариерата.

Од Порто, преку Челси, Интер, Реал Мадрид, повторно Челси и Манчестер Јунајтед, Мурињо на своите газди од џебовите за засилувања им извадил повеќе од една милијарда фунти. Точната сума изнесува 1,05 милијарди фунти што е незначително повеќе од она што како тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити го потрошил Пеп Гвардиола.

Најголемиот трансфер што го реализирал Мурињо бил оној на Пол Погба, кога Манчестер Јунајтед платија 105 милиони евра.

Таа сезона покрај Погба, во Јунајтед пристигнаа Немања Матиќ, Хенрик Мхитаријан, Фред и Ромелу Лукаку. Муроњо за ангажман на овие играчи потрошил 300 милиони фунти.

Scroll to Top