Top Sport

Денвер ќе го задржат најскапиот играч

Челниците на Денвер решија да ја искористат тимската опција и да го задржат во тимот играчот со најголема плата, Пол Милсап.

Поранешниот соиграч на перо Антиќ во Атланта Хокс наредната сезона ќе заработи 30 милиони долари. Поради овој договор Денвер Нагетс ќе мора да платат и такса на луксуз, но во САД овој потег го коментираат како „задржување на високите амбиции на франшизата“.

Минатата сезона Денвер Нагетс играа во полу-финалето на Западот каде во седум натпревари беа елиминирани од Портланд.

Милсап (34) во НБА лигата влезе преку драфтот во 2006 година, како 47 пик избран од Јута Џез.

Scroll to Top