Top Sport

Мурињо најде работа

Жозе Мурињо постигнал договор со „Сан“, да работи аналитичар и дневен колумнист додека трае Европското првенство во фудбал. ЕУРО 2020 ќе се одржи од 11.јуни до 11.јули.

Португалецот има искуство со новинарската работа, во 2018 година тој ги анализираше мечевите на Светското првенство во Русија.

Мурињо, пред десет дена доби отказ во Тотенхем. Во меѓувреме одбил неколку понуди за работа. Медиумите шпекулираат дека тој ги одбил понудите од Валенсија и Селтик.

 

Scroll to Top