Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, смета дека најтешко е да се освои титулата во Премиер лигата и дека неговиот тим би имал многу повеќе шанси во некое друго национално првенство.
Тотенхем, по осум одиграни натпревари, се на второто место со 17 поени, лидер е Лестер со поен повеќе.
„Мојот тим би можел да биде шампион во многу европски земји, но во Англија најтешко се освојува титулата. Можеш да имаш добра сезона, да освоиш многу поени и да не станеш шампион. Погледнете ги само ривалите: Ливерпул, Сити, Јунајтед, Арсенал, Челси, Лестер…“, рекол тренерот кој со Челси три пати ја освојувал Премиер лигата.
Тотенхем, во својата историја два пати биле шампиони во Англија, во 1951 и 1961 година. Во 30-годишното постоење на Премиер лигата, најдобар пласман им е второто место во 2017 година.