Top Sport

Мурињо: Не сакам да кажам што мислам, но ќе разберам зошто некои работи се случуваат

Фудбалерите на Рома попладнево загубија со 3-2 кај Венеција во првиот неделен натпревар од Серија А, а поразот од еден од најслабите тимови во Серија А го разлути тренерот на „волчицата“ Жозе Мурињо. Тој тргна во нова пресметка со судиите.

„Створивме многу шанси и полушанси, а фрустирачки е тоа што во добрите ситуации не даваме добри топки. Го направивме тоа 20-тина пати. Како е можно да направиш толку прилики и да не ги реализираш?“ вели Мурињо.

Тој напомена дека неговиот тим на овој меч имаше 27 удари кон противничкиот гол од кои дури 10 одеа во рамките.

„Првиот гол го примивме од ситуација која вчера ја вежбавме, а што се однесува до вториот гол, тука за себе би го задржал мислењето. Не сакам да зборувам ниту за тоа што се случи по нашето водство од 2-1“ рече Португалецот.

Нормално, Жозе имаше коментар и за судењето.

„Еден ден ќе разберам зошто некои работи се случуваат. Тиа знаат да стојат скриени со години, но еден ден ќе ми се разјасни. И понатаму тврдам дека нашата цел е 4 место и тоа ќе го тврдам се додека математички е возможно. Мислам дека овој тим не е посилен од минатосезонскиот, изгубивме искуство. Имам договор на 3 години и знам дека оваа сезона може да биде болна за душата и телото, но многу важна е за мене за да го разберам она што не можев да го сфатам пред доаѓањето тука. А веќе сега знам повеќе од пред 2 месеци“ заклучи Мурињо.

Scroll to Top