Top Sport

Конте со 0:0 ja започна авантурата со Тотенхем во Премиерлигата

Дербито Евертон – Тотенхем ги разочара љубителите на фудбалот откако мечот заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.
Новиот менаџер на „петлите“ Антонио Конте, за кого ова беше прв премиерлигашки меч на клупата на лондонскиот клуб нема по добро да го памети мечот.

Спарси предводени од еден од најдобрите светски напаѓачи во моментов Хари Кејн не упатија ниту еден удар во рамки на голот на Џордан Пикфорд.

Ниту „карамелите“ не претставуваа посебна закана пред голот на Лорис, само два удари одеа кон неговата мрежа.

За одбележување на овој меч е и директниот црвен картон на нововлезениот играч на Евертон – Холгејт во 92 минута.

Арсенал минимално со 1-0 славеа на својот стадион против Вотфорд.
„Топчиите“ во 7 минута имаа поништен гол на Сака поради офсајд, а во 36 минута Обамејанг промаши пенал.

Сепак, трите бодови остануваат во Лондон благодарение на погодокот на Роу Смит во 56 минута.
Гостите во 89 минута останаа и без еден играч на теренот, Куцка заработи втор жолт картон.

Со третиот триумф во низа четата на Микел Артета се искачи до петтата позиција на табелата во ПЛ.

Во третиот меч кој започна во истиот термин Лидс на својот стадион одигра 1-1 со составот на Лестер.

Двете најголеми возбудувања на овој меч се случија за само 2 минута.

Најпрво Рафиња го доведе составот на Биелса во водство од 1-0 во 26 минута, а „лисиците“ преку Барнс во 28 минута израмнија за конечни 1-1.

Scroll to Top