Top Sport

Мурињо: Не сме во истиот свет, како другите во ПЛ!

Менаџерот на лондонски Тотенхем, Жозе Мурињо е загрижен поради доаѓањето на преодниот рок. Тој смета дека неговиот клуб „не е во истиот свет како останатите членови во Премиерлигата“.

Тотенхем минатото лето потроши повеќе од 100 милиони евра додека на кормилото беше Покетино, но се чини Португалецот нема да ја добие истата прилика.

„Мислам дека ние секогаш ќе сме многу балансирани, тоа е начинот на Тотенхем“ – рече Мурињо пред вечерашниот дуел со Манчестер Јунајтед, во 21.15 часот.

Челси објави дека го носи Тимо Вернер од Лајпциг за 53 милиони евра, а претходно ја договори и соработката со Хаким Зијеш (Ајакс) за 40 милиони евра.

„Уште сега има клубови кои инвестираат во битни работи на пазарот, а има уште 9 меча до крајот на сезоната. Знаеме дека нема да `сме во истата лига`, во истиот свет. Ќе има клубови кои работите ќе ги прават поинаку од нас“ – смета Мурињо.

И Тотенхем и Јунајтед пред продолжувањто на сезоната во ПЛ имаат за цел пласман во ЛШ, но „ѓаволите“ се 4 бода поблиску до целта од „петлите“.

„Очекувам да направиме мали битни работи за да бидеме подобри на 2-3 позиции кои ни се потребни. Потполно го поддржувам УО и сопствениците. Јунајтед и Челси можат да прават што сакаат, тоа не е наш проблем. Ние ќе ја унапредиме екипата на начин на кој тоа го можеме“ – заклучува португалскиот стратег.

Scroll to Top