Поранешниот фудбалски напаѓач на калчолигашот Каљари, Фафа Пико го обвини тренерот на младинската екипа за навреди на расна основа. Играчот кој е роден во Њујорк, а чии родители се од Хаити за Каљари настапувал од 2006 до 2011 година. Се присети низ што се поминувал на „Чизмата“.
„Постојат разни облици на расизам. Се сретнував со нив во различни соблекувални, на различни стадиони. Се преселив во Италија на 16 години и почнав да играм за Каљари една година подоцна. Играв за резевната екипа и тогашниот тренер беше еден од најлошите луѓе кои сум ги запознал. Ми зборуваше дека сум мајмун и дека треба да се вратам во Африка, во џунгла. Зборуваше дека црномурестите луѓе немаат техника и дека се само брзи, дека само знаат да трчаат и дека поради тоа сум доведен. Секогаш зборуваше лоши работи за мене. Секогаш ми велеше `мораш тоа да го направиш затоа што си црнец`. Фудбалот беше најлесниот дел од мојата кариера“ – вели Пико.