Top Sport

Венгер: Стерлинг знае да паѓа, но тешко дека некој ќе ги фати Сити

Арсен Венгер признава дека ќе биде многу тешко било кој тим во Премиер лигата да ги спречи Манчестер сити да ја освојат титулата по 3:1 поразот на „Етихад“, но тоа не го спречи да го искали бесот на судијата Мајкл Оливер.

Венгер вели дека 15-те победи во низа во сите натпреварувања на Сити покажуваат дека другите тимови немаат ефикасно оружје против нив, откако „Сините“ се искачија на осум поени пред Манчестер јунајтед и дури 12 поени пред „топчиите“.

„Дали некој ќе ги сопре? Многу тешко оваа сезона. Начинот на кој го започнаа шампионатот и квалитетот кој го имаат… Но, никогаш не знаете. Плус ако добиваат ваква судиска помош дома ќе бидат незапирливи“, вели Венгер.

Сити поведоа со 2:0 по пет минути во второто полувреме откако судијата Оливер одлучи дека Начо Монреал го фаулирал Рахим Стерлинг во пеналтикот, по што Серхио Агуеро беше сигурен од белата точка.

„Не сакам да им одземам ништо, но во моменти кога требаше да израмниме, тие добија подарок. Втора година едноподруго примаме гол од офсајд тука. Стерлинг? Тој навистина добро паѓа. Тоа го прави навистина одлично“, изјави Венгер, кој иронично сакаше да го добие Стерлинг во текот на летниот преоден рок.

Сити не го дава врвот, паднаа и „топчиите“

Scroll to Top