Top Sport

Мурињо нема да го пушти Кејн во Јунајтед

Рио Фердинанд вели дека би сакал англискиот капитен Хери Кејн да пристигне на „Олд Трафорд“, но не верува дека Жозе Мурињо ќе го пушти напаѓачот на Тотенхем да направи трансфер во неговиот поранешен тим.

Кејн подолго време е поврзуван со трансфер во Манчестер јунајтед, и се верува дека тој самиот е подготвен за овој „скок“. Англичанецот полека се враќа во форма откако имаше повреда на бутниот мускул и Фердинанд признава дека сите навивачи на „ѓаволите“ би сакале да го видат во тимот.

„Дали би го земал Хери Кејн? Секако. Ако е физички подготвен и расположен за игра, тој е совршен за било кој тим. Топ фудбалер кој ти гарантира голови. Но, не верувам дека Тотенхем ќе го пуштат. Со Мурињо таму? Тој сигурно нема да го пушти да оди во Манчестер јунајтед“, вели Фердинанд.

Поранешниот дефанзивец вели дека не е оптимист дека ако Кејн замине од Тотенхем, клубот ќе успее да ги донесе Герет Бејл или Ерлинг Халанд.

„Бејл назад во Спарси? Тоа би било супер, но не верувам дека можат да си го приуштат. Халанд? Зошто би одел од Дортмунд во Тотенхем?“, вели Фердинанд.

Scroll to Top