Top Sport

Конор со порака до Ирска и до целиот свет (видео)

УФЦ мега-ѕвездата, Конор Мекгрегор преку социјалните мрежи директно се обрати на лидерите на неговата татковина Ирска и прати силна порака до луѓето од целиот свет по пандемијата на корона вирусот.

Неодамна, тој загуби една баба од вирусот и очигледно дека покрај тага, тоа му донесе и лутина на Ирецот.

„Здраво на сите, здраво Ирска. Сакам да се обратам на мојата нација, на мојот народ. До претседателот Мајкл Хигис, адмиралот Марк Мелет, главниот медицински човек Тони Холохан…  Ве гледам дека разговарата за целосно затворање на нацијата и верувам дека мораме да го направиме тоа. Доста разговарање, немаме време. Мојот народ, големиот народ на Ирска. Во оваа битка сме потребни сите. Сите сме во црвениот агол и го чекаме ѕвончето. Да се собереме заедно со сите луѓе од светот. Мораме да ги затвориме аеродромите, продавниците, патувањето. Овие мерки се тешки, но се неопходни и веќе функционираа во Кина и Хонгконг. Ирска, мораме да го направиме ова“, вели Мекгрегор.

Scroll to Top