Top Sport

Мурињо: Нема успех ако им угодуваш на своите фудбалери

Жозе Мурињо вели дека успехот во фудбалот како менаџер не зависи само од позитивните односи меѓу тренерот и фудбалерите, посочувајќи ги финалистите на Лигата на шампионите, Тотенхем и Ливерпул како тимови каде што има „совршен баланс“.

Мурињо претходно ги испофали Јирген Клоп и Маурисио Почетино за успехот по кам-бек победите во полуфиналињата, и вели дека „колективниот дух“ кои тие го направиле во тимовите носи победи.

„Финалистите, а можеби и Ајакс совршено покажуваат дека се во право луѓето кои велат дека ниту еден фудбалер не е поважен од клубот, и тие кои велат дека за некои работи во фудбалот нема разговори. Емпатијата, солидарноста, несебичноста…“, оценува Мурињо.

Тој додава дека харизмата и добрите односи со фудбалерите не ти носат успех во спортот.

„Во големите клубови секогаш има работна етика. Понекогаш си велите: ’Ох, тој менаџер е добар човек, има добри односи со фудбалерите и тие го сакаат’. Но, тоа трае само неколку месеци. Потоа, потребен ти е тренер кој ќе биде лидер и кој ќе има структура зад него“, вели Мурињо.

Ова дефинитивно потсетува на ситуацијата во неговиот поранешен клуб Манчестер јунајтед, каде што откако го замени Оле Гунар Солскјер имаше позитивни резултати, пред да има катастрофален пад на формата. Мурињо постојано тврдеше дека му е потребна поддршка во Јунајтед, каде што влезе во голем конфликт со првата ѕвезда на тимот, Пол Погба.

Scroll to Top