Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо потврди дека Пол Погба повторно ќе биде капитен на неделното гостување кај Брајтон и покрај шпекулациите дека меѓу двајцата постои конфликт кој не може да биде разрешен.
25-годишниот Французин беше капитен на првиот меч од новата сезона во Премиер лигата, кога Јунајтед го победи Лестер со 2:1, но победата беше во сенка во конфликтот меѓу Мурињо и Погба, и наводната желба на Французинот да потпише со Барселона. По мечот, Погба изјави дека би бил казнет ако зборува премногу, но Мурињо вели дека е тешко да се верува во тоа.
„Јас сум тука две години и неколку месеци и единствениот фудбалер кој беше казнет беше Антони Марсијал, така што не е лесно да се заработи казна. Не го прашав што мисли со тоа. Но, јас не би можел да бидам посреќен со неговата форма“, вели Мурињо.
Со ова Мурињо потврди дека Марсијал бил казнет што го напушти тимот во текот на американската турнеја за да присуствува на раѓањето на својот син.
Јунајтед ќе бидат без Антонио Валенсија, Џеси Лингард, Немања Матиќ, Андер Ерера, Серхио Ромеро, Маркос Рохо и Диого Далот за гостувањето на југот на Англија.
Jose Mourinho’s positive assessment of Paul Pogba. #mufc [MU] pic.twitter.com/jbD0oD6hjM
— United Xtra (@utdxtra) August 17, 2018