Top Sport

Мурињо објасни: Немам проблеми со Челси, туку со Конте

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо вели дека уште постојат добри односи со неговиот поранешен клуб Челси, и покрај неодамнешната „војна на зборови“ со неговиот наследник, Италијанецот Антонио Конте.

Челси гостува на „Олд Трафорд“ во клучна битка за место во топ 4 во Премиер лигата, и притисокот е кај двајцата. Мурињо прво процени дека Конте се однесува како „кловн“ на клупата, а потоа ја спомена и суспензијата за наводно местење на Конте (за која беше ослободен).

Сепак, Португалецот се чувствува одлично околу односите со лидерите на Челси, тим кому му донесе три титули во Премиер лигата и каде што двапати беше менаџер.

„Имам добри односи со бордот, не заборавам колку добри беа со мене во тешкиот период по смртта на мојот татко. Тогаш покажаа дека ме сметаат за пријател и јас дадов најдобро за клубот и секогаш го почитував. Тие знаат дека нема да има проблеми, со играчите исто така нема проблеми“, објаснува Мурињо.

Враќањето на Мурињо на „Стемфорд бриџ“ минатата сезона заврши со два порази во лигата и во ФА купот и дел од домашните навивачи не бе воодушевени и му скандираа: „веќе не си посебниот“. Челси и оваа година го совлада Јунајтед дома, така што Мурињо ќе се обиде да го подобри скорот во недела, кога со победа би избегале шест поени пред Челси.

„Немам проблем ниту со фановите, бидејќи со многу од нив се среќавам на улиците и ја чувствувам таа емпатија и тие односи кои ќе бидат тука засекогаш. Кога ќе играм на ’Стенфорд бриџ’, реакциите се само реакции“, додава Мурињо.

Конте: Јас и Мурињо не се почитуваме

Scroll to Top