Top Sport

Почетино: Муса Дембеле е фудбалски гениј

Откако во минатото повредите постојано му беа проблем, Муса Дембеле оваа сезона е во одлична форма за тимот на Тотенхем, и неговиот тренер Маурисио Почетино не може да најде доволно пофални зборови.

Белгиецот имаше две речиси совршени партии против Арсенал и Јувентус за Тотенхем, и тогаш многумина се потсетија зошто тимот од „Вајт харт лејн“ секогаш имал голема доверба во фудбалерот.

„Ви кажав дека тој е гениј, и за мене е само ваков играч. Ви кажав дека ако го ставиме покрај Роналдињо, Марадона и Окоча тој е на исто ниво. Зборувам за играчи со кои сум имал среќа да играм. За мене тој е еден од најневеројатните таленти во историјата на фудбалот“, објаснува Почетино.

Scroll to Top