Top Sport

Мурињо: Па, сега, Фелаини не е баш Марадона…

Жозе Мурињо признава дека белгискиот репрезентативец Маруан Фелаини „не е Марадона“, но вели дека тој добива заслуги за играта под системот на Португалецот.

Фелаини го постигна единствениот гол за Јунајтед во драматичната 1:0 победа над Јанг бојс за пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите, уште еднаш докажувајќи колку е важен за клубот иако постојано е под критики од времето кога Дејвид Мојс го донесе на „Олд Трафорд“.

Пред мечот од Премиер лигата со Саутемптон, Мурињо го испофали својот фудбалер.

„Мислам дека сега повеќе го признаваат неговиот учиник. Кога дојдов во Јунајтед многу малку го ценеа. Сега, сите знаат дека Маруан не е Марадона, но сите знаат што може да донесе во еден момент за клубот.  Го познавам многу добро и знам каде може да игра и што може да заврши на теренот. Оваа година го гледате како трет централен дефанзивец против Барнли и напаѓач во друг меч. Добро е чувството да го имаме во клубот и да се цени неговата работа“, вели Мурињо.

Фелаини прво го „изгуби“ детето, па го полуде Мурињо! Каква вечер на „Олд Трафорд“! (видео)

Scroll to Top