Top Sport

Тато го купи тимот, синот доби место – Ленс Строл возач на Форс Индија

Досегашниот возач на Вилијамс, 19-годишниот Канаѓанец Ленс Строл потпиша повеќегодишен договор со тимот на Форс Индија, преземајќи го местото на Естебан Окон како партнер на Мексиканецот Серхио Перез за 2019 година.

Таткото на Ленс, милијардерот Лоренс Строл беше дел од групацијата која го спаси тимот од пропаст во јули, откупувајќи ги долговите на клубот и преименувајќи го во Рејсинг Поинт Форс Индија. По ова беше јасно дека младиот Строл ќе добие место во тимот откако во сезоната што измина се мачеше со најслабиот болид во Ф1 во Вилијамс, и во исто време и заминување на талентираниот Французин Окон, кој нема место за 2019.

Ленс Строл ја започна кариерата во Ф1 во 2017 во Вилијамс покрај ветеранот Фелипе Маса, а истата сезона стана најмладиот возач на Ф1 подиум во Азербејџан, иако тоа остана негов единствен пласман на подиумот. Во 2018 тој освои шест поени, пет повеќе од коелгата Сергеј Сироткин.

Scroll to Top