Top Sport

Мурињо „падна“, следен на листата на Бристол е Гвардиола! (видео)

Откако ја направија најголемата сензација во англискиот фудбал оваа сезона, победувајќи ги Манчестер јунајтед, Бристол сити и нивниот менаџер Ли Џонсон знаат дека победата над Мурињо може да биде надмината само со уште една работа – победа над Пеп Гвардиола и Манчестер сити.

Славјето не беше завршено на „Ештон Гејт“ по драматичната победа од 2:1 над Јунајтед, кога Бристол дознаа дека следен противник е лидерот во Премиер лигата, Манчестер сити. По една од најдобрите вечери во 123-годишната историја на клубот, „наградата“ беше дуел со еден од најсилните европски тимови. Џонсон не беше поколебан.

„Брилијантно! Одиме понатаму. Не покажавме голема почит кон Јунајтед, а сега во два меча против Манчестер сити ќе имаме шанса да се докажеме дека заслужуваме да бидеме во елитата. Сити се вистински ѕвер“, изјави Џонсон.

Сити „гази“ во Англија оваа сезона, но гостувањето на „Ештон Гејт“ ќе биде сигурно тешко – тимот веќе елиминираше четири премиерлигаши на патот до полуфиналето. Првиот меч се игра во Манчестер во јануари.

Таткото на Џонсон, Гери Џонсон беше еден од најуспешните менаџери на Бристол сити, но сега е време синот, кој беше и фудбалер на клубот да се покаже.

„Мислам дека оваа победа е најдобар момент во кариерата на двајцата. Мојот татко секогаш велеше дека тој е најуспешниот тренер на Бристол, така што сега можеби ќе го заменам на таа позиција. Имаме млад тим со вистински квалитет и вистинска енергија“, изјави Џонсон, кој признава дека главната задача ќе биде пласман во Премиер лигата – тие се трети во Чемпионшип во моментов.

Бристол со шок-терапија за Јунајтед! (видео)

Scroll to Top