Жозе Мурињо не издржа да не го спомене неговиот поранешен клуб Тотенхем пред реваншот од полуфиналето на Конференциската лига со Лестер.
Рома на Мурињо ќе има над 70 илјади фанови зад себе по 1:1 ремито на гости во Англија, точно една година откако беше промовиран во тренер на италијанскиот клуб. Тој се потсети на неговиот отказ од Тотенхем минатата сезона кога клубот се подготвуваше за финалето од Карабао купот против Манчестер сити. Сити тогаш победија со 1:0.
„Единствениот меч кој сакам да го победам е следниот, уште повеќе кога се работи за полуфинале. Ако победите, тогаш имате задоволство да играте финале – ако не ве отпуштат пред финалето. Затоа ова е посебен меч. За нас беше долг пат, за разлика од Лестер. Ние од првиот ден играме во Конференциската лига и беше многу тешко. 14 меча за право да играш во финале“, вели Мурињо.