Top Sport

Мурињо побарал да му го донесат Бејл

Жозе Мурињо и Тотенхем имаат сериозна намера да го вратат Герет Бејл во Лондон. Велшанецот е отпишан во Реал меѓутоа поради платата не сака да замине од клубот. Бејл, според договорот, во Реал треба да остане до 30 јуни 2022 година. Во преостанатите две години од договорот тој треба да заработи околу 35 милиони евра.

Бејл не е во плановите на Зинедин Зидан, не играше во финишот на сезоната и на сопствено барање не патуваше со тимот во Манчестер на осмина-финалниот реванш против Сити во Лигата на шампионите.

Мурињо за разлика од Зидан ги цени квалитетите на Велшанецот, тој сакаше да го ангажира и во периодот кога беше тренер на Манчестер Јунајтед но тогаш од Мадрид бараа многу пари за да го ослободат од обврските.

Сега Реал се подготвени да му платат на Бејл 20 милиони евра за да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ како слободен играч. Од друга страна Тотенхем му понудиле годишна плата од 12 милиони евра, колку што има и најдобриот играч во тимот Хари Кејн.

Доколку ги прифати овие услови Бејл со Тотенхем ќе потпише три годишен договор.

Scroll to Top