Кога вечерва Жозе Мурињо со неговата Рома пристигна на „Луиџи Ферарис“ за мечот од 13. коло во Серија А против Џенова, против себе наиде на двајца свои поранешни играчи – еден на позицијата капитен (Горан Пандев), друг на позицијата на тренер (Андриј Шевченко). Резултатот на крајот на мечот, тешка 0:2 победа за стариот „волк“ Мурињо и главоболки за Џенова.
Tekrar bir aradalar ? pic.twitter.com/kJqHFDVhDn
— Calcio Türkiye ???? (@CalcioTurkey) November 21, 2021
Шевченко, кој Мурињо го донесе при неуспешната авантура Челси во 2006 година, дебитираше на клупата на Џенова, клуб кој има нови сопственици и ветува инвестиции за да се избегне постојаната борба за опстанок. Украинскиот тренер му даде шанса на македонскиот ветеран, Горан Пандев да го стартува мечот, а да потсетиме Пандев беше дел од славната генерација на Интер која стигна до „тројната титула“ токму под водство на Мурињо.
Пандев остана на теренот до 63. минута кога беше заменет со Ернани, а Рома стигна до трите поени во 82. минута, кога замената Феликс Афена-Гијан го постигна првиот гол во дресот на „волчицата“ по одличната игра и асистенцијата на Хенрих Мхитарјан. 18-годишниот тинејџер од Гана, целосно ја оправда довербата кога во 94. минута стави точка на натпреварот.
Трите поени ги креваат Рома на петтото место со 22 поени, 10 помалку од лидерите Наполи и Милан, додека за Џенова ќе брка поени за опстанок на друго место, откако се наоѓаат на 18. место со само 9 поени, два помалку од 17-пласираната Специја.
#GenoaRoma pic.twitter.com/PXLLFJucn5
— ASRoma (@Qtrr40) November 21, 2021