Top Sport

Гоџа победи во спуст, Вон трета

Италијанката Софија Гоџа победи во спуст трката на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг и го оствари најголемиот успех во кариерата.

Гоџа е првата Италијанка која освоила злато во спуст на ЗОИ. Таа патеката долга 2.775 метри ја мина за 1:39.22 минути. Гоџа блескаше на местото каде минатата година ја забележа првата, а потоа и втората победа во Светскиот куп.

Второто место го освои изненадувањето на денот Норвежанката Рагнхилд Мовинкел која задоцни за само девет стотинки зад победничката (1:39.31), а на третото место се пласира олимписката шампионка од 2010 година Американката Линдзи Вон со време 1:39.69 минути.

Scroll to Top