Top Sport

Мурињо потроши 340 милиони евра и смета дека тоа не е доволно за титула

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, смета дека на неговиот тим му недостига креативност во средниот ред. Според него тоа е главната причина што Јунајтед има осум бода помалку во Премиер лигата од градскиот ривал Сити.

Мурињо не сака неговиот тим да биде „втора виолина“ во Манчестер, што значи дека и тој е зад Пеп Гвардиола, поради што на клупските челници им порачал во зимскиот преоден рок да му најдат волшебник, односно играч кој со индивидуалниот потенцијал ќе прави разлика на теренот.

Челниците ја прифатиле оваа сугестија но само доколку играч со таков профил можат да најдат по нормална цена.

Португалецот Манчестер јунајтед го презеде во јуни 2016 година и досега на засилувања има потрошено 340 милиони евра.

Во ерата на Мурињо на „Олд Трафорд“ пристигнаа дефанзивците Виктор Линделоф и Ерик Баи, играчите од средниот ред Пол Погба, Хенрик Мхитаријан и Немања Матиќ и напаѓачите Ромелу Лукаку и Златан Ибрахимовиќ.

Scroll to Top