Top Sport

Кетрин Мајорга не се откажува, покрената нова тужба против Кристијано Роналдо

Кристијно Роналдо (34) повторно има проблеми со обвинуваата за силување. Американката Катрин Мајорга покренала граѓанска тужба откако судот во Лас Вегас во јули годинава ги отфрлил нејзините наводи против фудбалерот на Јувентус.

Правните застапници на Кетрин Мајогра тврдат дека на нејзината облека бил пронајден ДНК на Роналдо. Како што пишува „Сан“, за истрагата бил задолжен детективот Џефри Гајер.

„Господинот Роналдо секогаш тврдел дека случајот од 2009 година бил природен така што не изненадува присуството на неговата ДНК“, рекол адвокатот на фудбалерот Питер С. Кристијансен.

За потсетување против Кристијано Роналдо обвинителството водеше постапка за наводно силување во 2009 година. Кетрин Мајорга го обвини славниот фудбалер дека ја силувал во хотелска соба во Лас Вегас. Таа Роналдо го запознала во еден ноќен клуб во Лас Вегас.

Таа прво се спогодила и прифатила паричен надомест од 375.000 евра, за да не зборува за наводниот инцидент, но десет години подоцна таа го смени ставот. Најпрвин на медиумите им ја раскажала целата случка, а потоа преку своите адвокати започнала да го гони Роналдо.

„Откако повторно ги прегледавме информациите што ни беа достапни решивме дека не може да утврдиме со сигурност дека Роналдо сексуално ја злоупотребил. Поради тоа обвинувањата се отфрлаат“, објави во соопштението на 22 јули на обвинителството во Лас Вегас.

Scroll to Top