Top Sport

Мурињо „прегриза јазик“: Лук Шо станува подобар со секој нареден меч

Жозе Мурињо очигледно реши дека е доволно со личната „војна“ со својот поранешен фудбалер Лук Шо, фалејќи го фудбалерот на Манчестер јунајтед за неговата улога во 4:0 победата над Украина во четврт-финалето на ЕУРО 2020.

Шо и Мурињо имаа неславна соработка во Манчестер јунајтед, и неодамна Шо побара од португалскиот тренер да го остави на мир, велејќи дека не му е јасно зошто само зборува за него.

Шо одговори на критиките за слабо изведување на корнери против Украина, забележувајќи две асистенции. Мурињо, конечно, беше импресиониран.

„Сега прашањето е дали Англија мора да игра со тројца назад како против Германија. Мојот одговор е не, бидејќи добро оди и со четири назад. Лук Шо игра подобро, и подобро и подобро. Кајл Вокер има одличен турнир, и двајцата централни бекови се многу солидни. Затоа, четири назад, двајца во средина е совршено против Данска“, оценува Мурињо.

Интересно, најдобриот меч на Шо за Англија дојде на „Олимпико“ во Рим, каде што Мурињо ќе биде тренер на Рома, но Шо даде совршен одговор кога го прашаа за Португалецот.

„Видете, не е важно, а Жозе има свое мислење и има слобода на говорот, може да каже што сака. Јас ќе продолжам со главата надолу. Ги игнорирам сите работи и се фокусирам на работата. Целта е да се помогне на Англија“, изјави Шо.

Лук Шо изнервиран од Мурињо: Па, што му е на овој човек?

 

Scroll to Top