Top Sport

Мурињо признал: Да не се работеше за Манчестер јунајтед ќе си заминев

Британскиот „Дејли мирор“ открива дека Жозе Мурињо на еден свој близок пријател му изјавил дека да се работело за било кој друг фудбалски клуб, а не за Манчестер јунајтед досега ќе си заминел по конфликтот со управата на тимот.

Мурињо е бесен на потпретседателот на клубот, Ед Вудворд по одбивањето да се донесат засилувања на тимот во текот на летото, иако тој уште поодамна ги посочил фудбалерите со кои сака да работи.

Во третата сезона на клупата на Јунајтед, Мурињо се соочува со големи критики за неговиот стил на игра и слабите резултати, откако самиот изјави дека топ 4 пласман за славниот клуб ќе биде „чудо“, што требаше да биде јасна порака до Вудворд за одбивањето да платат голема сума за нов централен бек.

Според изворите „Мирор“, 55-годишниот Португалец приватно кажувал дека не си оди само бидејќи се работи за Манчестер јунајтед, бидејќи навистина сака да успее со нив, откако во јануари потпиша нов двегодишен договор.

Scroll to Top