Top Sport

Мурињо признава дека влегува со страв во новата сезона

Жозе Мурињо признава дека стравува од стартот на новата сезона од Премиер лигата по лошата летна пред-сезона во која играше со мал број на стандардни првотимци.

Јунајтед во САД играа со Клуб Америка, Сан Хозе, Милан и Јувентус и имаа само една победа, на пенали против италијанскиот тим, и загубија со 4:1 од Ливерпул, пред да ги чека дуел со Реал Мадрид. Во тимот на Јунајтед отсуствуваа Ромелу Лукаку, Пол Погба, Џеси Лингард и Маруан Фелаини, по што шанси добиваа фудбалери како Тимоти Фосу-Менса, Аксел Туанзебе и Тахит Чонг.

Мурињо, кој според англиските обложувалници има најмногу шанси да биде отпуштен по стартот на новата сезона, вели дека не е лесно.

„Пред-сезоната беше навистина чудна, но тоа не е наша вина. Момците од Светското првенство мораа да добијат одмор. Организацијата е одлична, но фрустрацијата е голема бидејќи веднаш кога ќе се вратиме во Европа почнуваме со Премиер лигата. Ќе мораме да почнеме без играчите кои беа на СП, без вистински тренинг за нив и ќе биде тешко. Искрено, малку ми е страв“, вели Мурињо.

Јунајтед ја отвараат сезоната против Лестер сити на 10 август, еден ден пред крајот на преодниот рок во Премиер лигата, во кој досега „ѓаволите“ го донесоа бразилскиот играч од средниот ред Фред, дефанзивецот Диого Далот и голманот Ли Грент.

„Во основа го знам мојот тим. Немаме големи промени во однос на лани“, додава Португалецот.

Мурињо признава дека би сакал уште две засилувања до крајот на преодниот рок, но признава дека може да се задоволи со едно. Шпекулациите се дека тој бара централен дефанзивец во ликот на Хери Мегваер од Лестер или Тоби Алдервирелд од Тотенхем и едно десно крило.

Scroll to Top