Top Sport

Федерер: Ќе зборуваме за повеќе деца кога ќе ја завршам кариерата

Роџер Федерер веќе има четири деца (два пара близнаци), но признава дека би сакал да има уште деца со својата сопруга Мирка, но тоа ќе почека додека не заврши неговата тениска кариера.

Швајцарецот има две деветгодишни близначки, Мајла и Шарлин и четиригодишни близнаи Лео и Лени, и вели дека засега е доволно. Во интервју за „Купцајтунг“, 36-годишниот освојувач на 20 гренд слем титули, вели дека засега има полни раце со четирите деца и со тениската кариера.

„Не знам кога ќе заврши мојата кариера, но сега е доволно добро како што оди. Сите сме среќни и релаксирани и уживаме во времето со нашите четири деца. Темата за уште деца уште не е затворена, но ќе мора да почека додека не ја завршам кариерата“, вели Федерер.

Швајцарецот честопати зборуваше за мотивацијата која ја добива од своите деца.

„Тие знаат дека играм многу тенис, но не би знаеле кој сум на рејтинг листата. Не знаат што точно се обидувам да направам. Знаат дека има трофеј ако играм добро и за тоа се највозбудени, исто како и јас. Да се сеќаваат момчињата би требало да играм уште неколку години. Девојките веќе се сеќаваат, но не сум сигурен за момчињата“, вели Федерер, кој ќе оди на шеста титула на САД опен во Њујорк на крајот на август.

Scroll to Top