Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо признава дека не очекува Хери Кејн да биде достапен подолго време, откако англискиот капитен доби повреда на бутниот мускул при поразот од Саутемптон на 1 јануари, кога беше заменет во второто полувреме.
„Можеби ќе имаме и подобри вести, но ако ме прашате за чувството, сигурен сум дека ова е повеќе лоша отколку добра вест. Кога самиот Хери знаеше по две секунди дека треба да биде заменет, тогаш е јасно дека е сериозно“, вели Мурињо.
Проблемите на Тотенхем не застануваат тука – рекордното засилување Танги Ндомбеле е во аут со повреда на колкот, а добра вест е враќањето на Сон Хеунг-Мин по суспензијата пред мечот од третото коло на ФА купот против Милдзборо во недела.