Top Sport

Мурињо: Проблемот со Погба не можев да го решам

Жозе Мурињо од декември минатата година не е тренер на Манчетер Јунајтед, а во разговор за „Беин Спорт“ открил дека два месеци се обидувал но не успеал да го реши проблемот наречен Пол Погба.

Францускиот репрезентативец по заминувањето на Мурињо доживува вистинска ренесанса, а неодамна тој изјави дека кај Мурињо „бил во сенка и седел на клупата“.

„Во првите два месеци, откако останав без работа размислував за се она што се случуваше. Човек во таква ситуација се надева дека ќе најде решение за проблемите. Но постои проблем за кој не можев да најдам решение, а тоа е: Кога играчот игра добро, менаџерот му се допаѓа, но кога не игра добро тогаш менаџерот не му се допаѓа“, рекол Мурињо.

Португалецот дополнил дека тој и 25-годишниот француски фудбалер едноставно „не биле на иста бранова должина“.

Scroll to Top