Top Sport

Мурињо проговори за „неговата екселенција“ Погба и неговиот Ролс Ројс

Жозе Мурињо секогаш изјавуваше дека не зборува за ситуацијата во своите поранешни клубови, но не издржа и мораше да ја нападне „неговата екселенција“ Пол Погба објаснувајќи го инцидентот кој придонел за неговиот отказ од Манчестер јунајтед со Ролс Ројсот на Французинот.

Мурињо беше во отворен конфликт со Погба, посебно во последните месеци од нивната  соработка, одземајќи му ја позицијата на вице-капитен. Инцидентот за кој зборува Мурињо се случил по 2:0 победата над Барнли, меч пред одземањето на позицијата на Погба во септември.

„Требаше да играме против клуб кој е на 30 километри од Манчестер и фудбалерот ме праша дали потоа може да се врати во градот без тимот, туку сам. Му кажав: ’Да одевме во Лондон и да сакаше да останеш таму, ќе сфатев, но ова нема смисла’. Тој беше навреден. И потоа по победата повторно ме праша. Бидејќи бев среќен му попуштив и му кажав: ’Барем оди со автобусот и побарај твојот шофер да те фати на 10 минути од стадионот’. И потоа во соблекувалната повторно не беше среќен. Кога пристигнав кај автобусот, до него беше паркиран Ролс Ројсот и неговиот шофер. Автомобилот беше нов и ’неговата екселенција’ сакаше да замине со Ролс Ројс. Како да ракувам со тоа? Да му кажам никогаш да оди со автомобилот? Или да го пуштам кога ќе сум среќен. Или да го решам тоа вака, да ме пуштат на одмор“, изјави Мурињо на еден фудбалски семинар во Португалија.

Scroll to Top