Top Sport

Мурињо: Разлика во однесувањето, разлика во воспитанието…

Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо беше краток, но „остар“ за мешаницата која се случи по дербито со Манчестер сити, велејќи дека тука се покажала „разликата“ во воспитанието.

Околу пресметката во ходниците на „Олд Трафорд“ веќе многу се кажа, но Мурињо јасно покажува каде е вината, не сакајќи да одговара на зборовите на Пеп Гвардиола дека играчите не славеле премногу.

„Тој вели, тој вели… Тој само зборува, но не сум тука да ги коментирам зборовите на Пеп Гвардиола. Само можам да кажам дека се работи за разлика во однесувањето, во воспитанието и ништо друго. Не зборувам за Сити“, изјави Мурињо.

За тоа дека сепак треба да има „етика на однесување“ и по победите на големите мечеви, Мурињо доби неочекувана поддршка од менаџерот на Арсенал, Арсен Венгер.

„Понекогаш тие работи се случуваат на големите дерби мечеви. Пред мечот зборуваш како да е тема на живот и смрт, а потоа си изненаден од последиците. Ни се случило и на нас, и на Јунајтед. Страста треба да остане на фудбалскиот терен. Кога бев во Јапонија ми се допаѓаше сумо борењето, бидејќи таму не можеш да сфатиш кој победил. Победникот не ја покажува среќата поради почит кон противникот и тоа покажува култура на почит. Дали можеме да го копираме тоа? Тешко, бидејќи не е дел од нашата култура“, објаснува Венгер.

Гвардиола: Не славевме премногу, инцидентот почнал поради Златан?

Scroll to Top