Top Sport

Мурињо реши голем проблем – Пелегрини го продолжи договорот

Рома соопшти дека капитенот, Лоренцо Пелегрини, го продолжил договорот. Пелегрини се обврза да остане на „Олимпико“ до јуни 2026 година.

Рома успешно ги заврши преговорите со Пелегрини, чии договор истекуваше на крајот од оваа сезона.

„Не можам да го опишам чувството, цело време сакав уште поцврсто да се поврзам со мојот град и мојот клуб“, рекол Пелегрини.

Пелегрини, досега одиграл 161 натпревар за Рома, постигнал 25 голови. Играчот роден во Рим, за Рома дебитирше во 2015 година против Чезена, птооа играше на позајмица во Сасуоло, а во Рома се врати во 2017 година.

Од оваа сезона ја носи капитенската лента.

Scroll to Top