Top Sport

Мурињо: Роналдо гори од желбата да го победи Јунајтед (видео)

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо ги предупреди сопствените фудбалери дека Кристијано Роналдо има силна желба да го победи својот поранешен клуб со Јувентус вечерва на „Олд Трафорд“.

Роналдо се враќа во арената каде што стана глобална суперѕвезда, постигнувајќи 118 гола во 292 настапи за „ѓаволите“, првпат како фудбалер на Јувентус, но не и првпат севкупно. Тој беше фудбалер на Реал Мадрид кога првпат го посети Манчестер во „белиот дрес“ и тоа под водство на Мурињо во 2013 година.  Тогаш, тој постигна гол и Португалецот верува дека неговиот 33-годишен сонародник гори од желба да го победи Јунајтед.

„Тој се врати со Реал Мадрид. Знам колку многу го сака Манчестер јунајтед, но исто така знам колку сакаше да победи кога дојде тука и да постигне гол против ’ѓаволите’, како со Реал. Тој постигна гол, Реал победија и то го очекуваме и сега“, вели Мурињо.

Тој исто така побара навивачите на Јунајтед да му ја дадат почитта која тој ја посакува и несомнено, заслужува.

„Фановите ќе му покажат колку значеше за Јуанјтед и тој ќе го покаже истото кон навивачите. Знам дека навистина го сака Манчестер јунајтед, но кога топката ќе почне да се тркала, тој ќе сака гол и победа“, додава тренерот на Јунајтед.

И покрај критиките за слабата форма на стартот на сезоната, Мурињо верува дека Јунајтед може да освои три поени.

„Никој не може да не сопре пред натпреварот да одиме на победа. На Јунајтед му се потребни противници од вакво ниво. Не можете да бидете во Лигата на шампионите и да сакате да избегнете некој таков клуб. Јувентус секогаш се кандидати за трофејот и оваа сезона се повеќе од кандидат. И тоа е одлично за нас“, завршува Мурињо.

Scroll to Top