Top Sport

Биното по караницата во Ферари, заминува за Мерцедес?

Борбата за моќ во Ферари може да резултира со неочекувано заминување, откако шпекулациите во Италија и Британија велат дека техничкиот директор Матија Биното може да заврши кај првите ривали за титулата, Мерцедес.

Биното е одговорен за развојот на моторот на Ферари и оваа година беше заслужен за огромниот напредок со враќањето на Ферари во редовна конкуренција за победи, по што во Италија веднаш беше гледан како наследник на Маурицио Аривабене на позицијата шеф на тимот. Политиката во италијанскиот тим секогаш има огромни димензии, и по смртта на претседателот на Ферари и Фиат, Серџо Маркионе, се појави борба за подобри позиции во тимот.

Аривабене по сѐ изгледа ја добива битката, и Италијанците шпекулираат дека Биното може да замине во „сребрената стрела“, што би бил неверојатен успех за Мерцедес, бидејќи сите тајни на развојот на Ферари веќе нема да бидат толку тајни. Мерцедес во исто време би дозволиле Џејмс Елисон, кој и самиот дојде од Ферари во 2017 година, да замине во Мерцедес.

Секој договор сигурно ќе носи со себе период на „пауза“ за Биното, за да не се пренесат клучните тајни.

По поразите доаѓа хаосот во Ферари – Аривабене и Биното во отворен конфликт

Scroll to Top